ДОМ ќе поднесе кривична против „Југохром“

Партијата ДОМ најави кривична тужба против „Југохром“ поради нивното игнорирање на сите законски обврски за еколошко работење.

„Наместо да го редуцира работењето и да монтира еколошка опрема во продолжениот рок, „Југохром“ продолжи да емитува тони фугитивна прашина секојдневно. Тоа го покажува мерењето на ПМ10 честичките кои се 10 до 20 пати над дозволената граница. Минатата година ДОМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство – Тетово која, на наше големо разочарување беше отфрлена со чудно објаснување дека нема основа за гонење по службена должност. Затоа сега ќе одиме со кривична тужба за која подготвуваме докази“, соопштија од партијата на Лилјана Поповска.