ДОМ почнува со акција за прибирање хуманитарна помош за поплавените подрачја

Одзивајќи се на апелот на Црвениот крст на Република Македонија, ДОМ денеска ја почнува акцијата за прибирање хуманитарна помош за поплавените подрачја во јужниот и југоисточниот дел од земјава, Могила, пелагонискиот регион, Штип, Чешиново-Облешево и Струмица.

Хуманитарната помош ќе се состои од флаширана вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција.

Од партијата ги информираат граѓаните и своите симпатизери кои ќе сакаат да донираат помош во овие средства од своја страна, истата да ја донесат во централната канцеларија на ДОМ, на ул. Никола Вапцаров, бр.18, спроти поранешниот Мекдоналдс.

Со оглед на ургентноста на ситуацијата, акцијата на ДОМ ќе трае денес и утре.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.