ДОМ поднесе кривична против „Макстил“ и „Југохром“

Партијата Демократската обнова на Македонија (ДОМ) поднела кривична пријава против фабриката „Макстил“ за загадување на животната средина и природата и за загрозување на животната средина со отпадни материи.

Како што се наведува во партиското соопштение, пријавата се повикува на прекршување на Законот за животна средина (член 138, став (1) за непочитување на рокот 1 април  2014 година за еколошките прилагодувања) и Уставот на РМ (член 43 став 2 кој што гласи: „Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата“).

Во текот на денешниот ден ДОМ најави дека ќе поднесе кривична пријава и против фабриката „Југохром“.