Македонија

Дом за стари лица ќе се гради во Илинден, денеска истекува рокот за пријавување

Дом за стари лица ќе се гради во Илинден, денеска истекува рокот за пријавување

Дом за стари лица ќе се гради на пристапна локација со комплетна инфраструктура, во централниот дел на општина Илинден, што се наоѓа на само десеттина километри од центарот на главниот град.

Површината на градежната парцела изнесува 9.968 метри квадратни, а површината на градбата е 4.486 метри квадратни.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање до денеска до 16 часот на адресата на општина Илинден.

Реализацијата на овој капитален проект „Дом за стари лица“ е една од зацртаните цели и капитални приоритетни проекти во Стратешкиот план за Локален економски развој на општината.