Дома јадам чушки, во градинка пиперки

Ова лето децата од градинките од Велес решиле да ги сменат имињата на своите градинки, пишува Дневник. Па наместо, како досега, „Димче Мирчев“ сега се викаат – Чушка, Пиперка, Патлиџан, Домат, Зеленчук и Градина. Децата, едноставно, се инспирирале од својот труд.

Во сите седум градинки во Велес децата годинава имаат свои зеленчукови градини. Децата со помош на своите наставнички и воспитувачи учат за тоа како расте здравата храна. Во секој двор има градина во која деновиве црвенеат домати, висат благи пиперки, мирисаат разни зачински билки. Децата од градинките ги насадија, полеваа, а деновиве уживаат во салатите од своте плодови.

Целиот текст прочитајте го тука.