Дома лажела дека има работа, а тоа и донело милиони!

Џен Ли, девојката која го основала „онлајн“ бутикот „Шоупо“ шест месеци го лажела семејството дека има постојана работа, а тоа и донело милиони.

Таа дипломирала бизнис на еден од најпрестижните американски универзитети и дипломирала со просек 9,9.

-Добив работа уште пред да дипломирам и дефинитвно се одеше по планот. Но, кога започнал да работам во една компанија, веднаш знаев дека тоа нема да ми се допаша. Ми беше мачно секој ден времето да го поминувам во канцеларија и чувствував како полека да умирам. Затоа дадов отказ, вели Лу.

Иако знаела дека тоа не е вистинскиот потег за неа, многумина ја осудувале затоа што се откажува од работата во тешко економско опкружување. Таа ја отворила својата продавница, која работела еден месец, но тогаш нејзиниот партнер се повлекол, а проектот морал да згане.

-Буквално паднав на дно. Не,ав работа и не ми падна на памет повторно да ја барам старата работа, бев премногу горда, вели таа.

Набрзо нашла рабта во друга компанија, не не поминало многу време и таа повторно дала отказ.

-Најлошо ми беше што морав на моите родители да им кажам дека имам работа. Тоа што е најлошо е што живеев со нив. Тоа значи дека морав секое утро да станувам рано и да „одам на работа“. Шетав бесцелно со денови, размислував што да направам и тоа излезе најдобрата работа во мојот живот.

Набрзо се запознала со девојка која исто така сака да отвори „онлајн“ бутик и дошле на идеја да ја основаат „Сноупо“. Меѓутоа, првата година Ли работела само за да ги отплати долговите за студентскиот кредит, плус морала да ја рефундира прекинатата пракса на првата работа во износ од 18 илјади долари.

-Тоа беше сума од 60 илјади долари која ја должев, а немав ниту 24 години. За среќа, мојата компанија минатата година заработи 10 милиони долари, вели таа.

Лу сега ги советува младите да го следат својот инстикт по секоја цена, а од личност која морала да работи по 10 часа во канцеларија, таа сега работи многу помалку.

-Станав најмрзеливиот директор на светот. Заклучив дека е подобро да работа попаметно отколку понапорно и тоа им го советувам на сите, заклучува Лу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.