Домаќинствата до 15-ти ноември треба да одлучат од кого ќе купуваат струја

Петнаесетти ноември е последната дата до кога потрошувачите ќе треба да се одлучат која компанија ќе ги снабдува со електрична енергија. Домаќинствата и малите фирми, како продавници, бутици и слично се последната фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија. Оваа фаза опфаќа околу 700 илјади домаќинства и мали фирми и ќе стартува на 1 јануари 2015 година.

На пазарот свои пакет-услуги ќе понудат девет компании, а префлањето од еден оператор на друг граѓаните ќе може да го прават еднаш годишно.

Оние кои навреме, односно до 15 ноември, нема да склучат договор со ниеден снабдувач ќе останат на досегашната мрежа на ЕВН, но компанијата ќе мора да им даде да потпишат нови договори.

Цената по 1 јанураи нема да ја контролира регулатор, туку таа слободно ќе се формира на пазарот. Очекувањата се дека со оваа, последна фаза од либерализацијата, цената на електрична енергија може да се зголеми.

Со реализацијата на последната фаза и поради можното зголемување на цените предвидена е построга контрола на квалитетот на струјата. Доколку квалитетот на испорачаната енергија е понизок од стандардниот, потрошувачот ќе има право од фирмата-снабдувач да бара надомест за штета настаната на неговата електрична инсталација или на апаратите.