Домашен енергетски напиток кој ќе ве направи посреќни!

honey and lemons

Често се случува да немаме време да се одмориме и наспиеме и потребна ни е инстант енергија која ќе не одржи будни во текот на денот. Доколку ви е потребен потикнувач на енергија ова е совршен напиток за вас.

Овој природен домашен напиток ќе ви даде неверојатна енергија и за само неколку минути ќе направи да се почуствувате посреќни и да имате добро расположение.

Потребни состојки:

2 лажици мед

500 милилитри вода

1 шолја свеж цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во стаклена чинија или во тегла и мешајте се додека добро не се соедини. Користете топла вода, бидејќи така полесно ќе го стопите медот. Додавањето на лимоновиот сок во водата е наједноставниот начин да добиете вистинска енергетска бомба. Лимонот ја претвора водата во природен енергетски напиток, полн со електролити, кои се од клучно значење за производството на енергија на клетките.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.