Домашен леб од презреани банани

Изненадете ги домашните со овој вкусен леб. Многумина од нас уште кога ќе се појават првите црни точки на бананите не сакаат да го јадат ова егзотично овошје, но откако ќе го испробате овој леб никогаш повеќе во животот нема да купите зелена банана.

Состојки:

2 филџани брашно

¾ лажички прашок за печиво

½ лажичка сол

Филџанче шеќер

¼ филџанче путер

2 големи јајца

Околу 3 банани исечкани

1/3 филџан обичен немасен јогурт

1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Лесно со миксерот изматете го брашното, прашокот за печиво и солта. Ставете шеќер и путер во голем сад и изматете со миксер на средна брзина се додека добро не се промешаат (околу 1 минута). Додадете јајца, едно по едно и по секое јајце добро измешајте ја смесата. Додадете банани, јогурт и ванила и мешајте додека не се промешаат, а потоа додадете мешавина од брашно.

Печете на 180 степени околу 1 час или испробајте со чепкалка за заби дали лебот е готов. Ако тестото не се лепи кога ќе ја извадите чепкалката, лебот не е готов. Оставете 10 минути да се олади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.