Домашен препарат за елиминирање на маснотиите во крвта

Лошата исхрана, стресот, недостаток на физичка активност, се само некои од причините за покачените масти во крвта што може понатаму да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Еве еден рецепт за лек кој го елиминира вишокот на лоши масти во крвта.

Потребни ви се само суви смокви и јаболков оцет.

Издупчете три суви смокви со чепкалка за заби од сите страни и ставете ги во чаша што претходно до 4/5 сте ја исполниле со јаболков оцет. Оставете смоквите да ја поминат ноќта во оцетот а во утринските часови, изедете ги трите смокви.

Немојте да го фрлате остатокот од јаболков оцет за повторно да ставите смокви. Користете ја оваа количина оцет во следните седум дена.

Осмиот ден ставете нова количина оцет и повторувајте го процесот во текот на следната недела. По еден месец од третманот, направете анализа на крвта и проверете ја ефикасноста на овој природен лек.

Пред употреба на природните лекови потребно консултирајте се со вашиот лекар.