сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

Домашен препарат за остранување дамки

Она што е најважно е дека овој домашен препарат, не содржи никакви хемикалии, особено не оние што предизвикуваат алергиски реакции на кожата кај децата и кај возрасните.

omeknuvach-alishta-544x400

Последни вести

Овој домашен препарат за остранување дамки ги отстранува дамките од различно потекло и може да им конкурира на најскапите средства со иста намена.

Она што е најважно е дека овој домашен препарат, не содржи никакви хемикалии, особено не оние што предизвикуваат алергиски реакции на кожата кај децата и кај возрасните.

Рецептот е мошне едноставен, а се што ви треба е на дофат на рака. Потребни ви се само три состојки вода, сода бикарбона и водород пероксид (хидроген 3%).

Состојки:

1 чаша врела вода (што врие), половина чаша сода бикарбона, половина чаша хидроген (3%) (задолжително купете од аптека).

Постапка:

Врз содата бикарбона истурете ја врелата вода, почекајте да се олади и содата во целост да се раствори, па додадете хидроген. Сето ова промешајте го и ставете во распрскувач. Вашиот домашен препарат за отстранување дамки е готов.

Користење:

Добро напрскајте ги дамките на сувата облека, и оставете средството да дејствува околу 5 минути. Уште подобро е ако дамките ги изрибате со стара четкичка за заби, што ќе ја натопите во препаратот. Ако се работи за постари дамки или за потврдокорни, тогаш втријте, оставете и исперете 2 – 3 пати. Продолжете со перењето на аблеката како и вообичаено, машински или рачно.

Покрај ова, дома можете да подготвите и домашен омекнувач за алишта. Повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести