Домашен притвор за две обвинети во случајот „Претседавач“

Елена Јанева Димова и Сузана Пашоска,  кои се обвинети за финансиски и економски криминал во „Машино промет“, пуштени се во домашен притвор во траење од 30 дена.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, оваа одлука ја донела на нејавна седница одржана на 3 април,  како поблага мерка со која може да се обезбеди  нивно присуство во текот на постапката.

Во случајот „Претседавач“, беа приведени 12 лица од Скопје и од Штип, а меѓу нив, како првоосомничен е Мирослав Шиповиќ, висок функционер од СДСМ, и претседавач на Советот на општна Центар.
Тој е уапсен под сомнение дека како  претседател на Управниот одбор на компанијата „Машино промет“, бил дел од групата што направила финансиски и економски криминал тежок околу еден милион евра.

Останатите приведени се во својство на членови на Управниот и Надзорниот одбор на АД „Машино промет“, сопственици на фирмите „Ин ком“, „Интеркомерц“ и „Би метали“ во Штип, како и вработени во УЈП кои се осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „помагање во врска со злоупотреба на службената положба“.

Судскиот процес е во тек, обвинетите ја даваат својата одбрана.