Домашна визита и за социјалните случаи над 50 години

Од понеделник,  350 медицински тимови од здравствените домови ќе почнат да вршат домашни посети кај лица од социјално загрозени категории, како прширување на проектот „Домашна визита“.

Во првата фаза, ќе бидат опфатени лица над 50 –годишна возраст, а понатаму се предвидува во системот да влезат и болни под таа возраст.

Новото проширување се однесува на доплнителни 23. 464 лица, корисниици на социјална помош, туѓа нега, слепило, глувост,  кои се со посебни потреби, со вродена аномалија, неподвижни и со ментална  или физичка попреченост

Ова е четврти циклус од проектот „Домашна визита“ кој досега опфатил над 26.000 постари лица со хронични болети, ресираторни, карди и дијабетис.

340 патронажни сестри кои работат здравствените доови секојдневно, во точно утврден термин  имаат обврска да посетуваат стари, изнемоштени лица, лица со хронични болести, кои се избрани според дијагнозите евидентирани во националниот електронски систем „Мој термин“. Акцент се ставен на лица со кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања, дијабетес и други хронични заболувања.