петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Домашна задача за оние што сакаат добар секс

neprijatni_situacii_sex

Поврзани вести

Ако сакате добар секс, тогаш секс терапевтите ве советуваат да си ја сработите и домашната задача.

Експериментирајте

Кога ќе пробате нешто ново, опуштете се и сконцентрирајте се на моментот. Пробајте, ќе се уварите и сами. Поминете повеќе време експериментирајќи во сексот, ќе се изненадите колку добро ќе се чувствувате поради тоа, советува секс терапевтот Меган Флеминг.

Иницирајте секс

Често се случува едниот партнер повеќе да сака секс од другиот, но со текот на времето му станува непријатно постојано да иницира секс. Ако се менувате во тоа, односно ако наизменично иницирате секс и двајцата ќе бидете поопуштени и повеќе ќе уживате, вели терапевтот Мушими Гус.

Немојте да „чекирате“ секс

Од моето искуство со луѓето што доаѓаат на советување, сфатив дека голем број двојки премногу се уморни, под стрес и поради тоа сексот го сметаат за нешто што треба да го одработат за да бидат попродуктивни. Сексот, заправо, треба за двојките да претставува прилика да се опуштат, да почувствуваат задоволство, но за тоа е потребно да се „исклучите“ од секојдневните проблеми и обврски, вели секс терапевтот Сари Купер.

Гледајте филмови за возрасни

Ијан Кернер вели дека во голем број филмови гледањето филмови за возрасни претставува проблем. Сепак… Не се филмовите проблем, туку тоа што ги гледаат во тајност. Заедничкото гледање филмови за возрасни е начин да ја разбудите сексуалната желба…

Разговарајте за вашите фетиши и фантазии

Дискутирајте за тоа што ви се допаѓа во креветот, какви допири сакате, дали сакате да доминирате или да бидете потчинети за време на сексот… Разговорот за секс фантазиите и фетишите е начин да ја разбудите интимноста меѓу вас, а да не говриме за возбудата и тензијата, објаснува терапевтот Лорел Штајнберг.

Најчитани вести