недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Домашни маски за нега на лицето

Поврзани вести

Секоја жена сака да изгледа убаво, а тајната на убавината не е во скапите козметички препарати, туку во хранливи и здрави маски кои сами може да ги направите во својот дом од состојки во вашот фрижидер.

Маска од рози

Соберете неколку свежи листови од рози и од нив направете маска која ќе ве освежи.

Со помош на оваа маска ќе добиете природно здрава боја на вашето лице, како руменило. Третманот делува релаксирачки и e идеален  за нега на сува и мешана кожа. Може да се направи за само една минута во миксер.

Во миксерот ставете една лажица јогурт, една лажица мед и две лажици вода од рози. Додадете голем грст ливчиња од роза и од тоа направете смеса. Оставете ја маската на лицето 20 минути, а потоа исплакнете темелно.

Маска од банани и мед

Изгмечете пола банана и додадете една лажичка мед. Добро измешајте, а потоа маската ставете ја на мокро лице и врат. Нека делува најмалку 15 минути. Лицете измијте го со вода, нежно тапкајќи. Намасирајте хидрантна крема на кожата и веднаш ќе забележите разлика.

 Маска од лубеница

Ако сте љубител на лубеницата, еве една причина плус зошто да ја сакате уште повеќе. Потребни се само 5 минути за да направите две маски од кои една ќе ви даде сјаен тен, а другата одговара за иритирана кожа склона кон акни.

За сјаен тен земете мала лажица јогурт (лактозата и ензимите од јогуртот ќе ви помогнат нежно да се исчисти кожата) и една лажица лубеница (хидрира и лечи). Нанесете на лицето и вратот и по 10 минути исплакнете.

За иритирана кожа која е склона на акни измешајте една лажица лубеница, една банана и оставете ја смесата на лицето околу 15 минути. Бананата содржи Б2, Б6, Б12 витамини и помага во намалувањето на иритацијата и ја прави кожата понежна. Најголемата позитивна страна на лубеницата е совршената хидратација без никакви маснотии кои се наоѓаат во козметичките производи.

Маска од банани и млеко

Земете пола банана и прелијкте ја со една лажичка млеко. Измешајте и нанесете ја смесата на лице. Оставете да делува 15 до 20 минути. По измивањето на вашето лице ќе се врати природното руменило – без употреба на шминка!

Маска за смирување на кожата на лицето

Се комбинираат три кафени лажици алое вера сок, една кафена лажица алое вера гел и две капки масло од роза. Нанесете ја со памук на лицето.

Маска за омекнување на кожата

Мешавина од шест кафени лажици гроздово масло, две капки масло од рози, една лажичка загреан мед и пет кафени лажици мелени бадеми за да се добие густина на смесата.

Маска за чистење на лицето

Измешајте заедно половина чаша обичен јогурт, половина чаша пченкарно брашно и четвртина чаша цеден сок од грејпфрут. Оставете го во фрижидер малку да се замрзне пред да употребувате.

Најчитани вести