Спорт

Прегледи на натпреварите во НБА лигата Домашни порази на Индијана, Орландо и Голден Стејт, историска вечер за Дјурант

Домашни порази на Индијана, Орландо и Голден Стејт, историска вечер за Дјурант

Кошаркарите на Индијана Пејсерс се поразени на домашен терен од Мајам Хитс со 106-114 во дуелите играни во рамките на редовниот дел од сезоната во НБА лигата ноќта кон четвртокот, а домашен пораз запишаа и Орландо Меџикс кои беа совладани со 103:110 од Милвоки Бакс.

Најдобар стрелец кај Индијана беше нејзиниот најдобар кошаркар Виктор Одалипо со 26 поени и 7 скокови. Мајами ги предводеше Горан Драгич со 20 поени, а Хасан Вајтсајд додаде 16 кошови.

Мајами водеа со три кошови на 30-ина секунди пред крајот кога Вејн Илингтон погоди „тројка“ за предност од 109:103, на 23,2 секунди до крајот по што Индијана повеќе не можеа да се вратат во игра.

Кај Бакс во дуелот со Меџикс, најдобар беше Јанис Антетокумпо со 26 погодоци, Крис Мидлтон погоди 22 кошови, додека кај Орландо Ивен Фурние со 21 поен.

Клучна во овој дуел беше третата четвртина во која Милвоки имаа 80 отсто погодени шутови и тој дел од мечот го добија со 36:23. Меџикс за целиот натпревар имаа 43,3 отсто шут од игра, и погодија само 8 од 29 „тројки“.

Голден Стјет Вориорс доживеаја пораз на својот паркет со 106:125 од Лос Анџелес Клиперс. Лоу Вилијамс ја предводеше победничката екипа со 50 кошови, од кои дури 27 постина во третата четвртина.

Но и покрај поразот, ова беше историска вечер за Кевин Дјурант, откако стана 44-от играч во историјата на НБА лигата кој во кариерата постигнал 20.000 поени, заврувшајќи го мечот со 40 погодоци.