Домашно масло што ги отстранува болките во грбот и зглобовите

Ако имате болки во пределот на грбот и зглобовите не посегнувајте веднаш по аналгетици, туку направете го овој домашен мелем.

Овој природен лек може да ви помогне да ги одржувате здравите зглобови во добра состојба или да ја намалите болката која што ја чувствувате.

Рецепт за болни зглобови и грб:

Ситно исецкајте 300-400 гр лук. Ставете го во тегла и прелијте го со 1 литро квалитетно нерафинирано масло (маслиново, сончогледово…), затворете го со капаче и оставете ја теглата во темна просторија на собна температура. Потребно е да отстои 2 седмици, но во тој период содржината во теглата треба да се протресува секојдневно. На крајот ќе добиете масло од лук, треба да го процедите низ 3-4 слоја газа или 2 пати низ ситна пластична цедалка.

Употреба:

Масирајте ги болните места со подготвеното масло, на пример долниот дел на грбот (крстот) во случај на остеохондроза, болки во грбот или во случај на артроза – болки во зглобовите на рацете или нозете.

Потоа, прекријте го местото со најлонска кеса и врз неа ставете ракавици (доколку се тоа зглобовите на рацете) или чорапи (ако станува збор за зглобовите на нозе).

Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта кај болните зглобови, па со самото тоа помага во воспоставување на нивната функција. Терапијата со ова домашно масло би требало да ја практикувате околу 2 месеци. За секој случај, пред употреба на природни средства консултирајте се со вашиот лекар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.