Доминација на Кенијците на Виз Ер Скопскиот маратон

Атлетичарот од Кенија, Кипротич Кируи втора година по ред е најбрз на Скопскиот маратон. Тој денеска победи со време 2 часа 12 минути и 59 секунди и беше далеку пред конкурентите за пиедесталот.

Сонародникот на Кируи, Едвин Кипрути Кирва трката ја заврши на 2.место со време 2 часа 16 минути и 15 секунди, а доминацијата на Кенијците ја потврди Самуел Кимутаи Киптум кој целната линија ја мина за време од 2 часа 16 минути и 32 секунди.

Од Македонците, најдобро пласиран е Александар Кирајџиев кој воедно е победник на националниот шампионат во маратон. Тој во вкупниот пласман е шести со време 2:41.38 часа.

И во женска конкуренција на победничкиот подиум се искачија три натпреварувачки од Кенија. Првото место го освои Стела Барсосио 2 часа 33 минути 42  секунди, на второ место се пласира Салина Џебет, додека трета беше Гледис Бивот

На машкиот полумаратон победи Дарио Ивановски пред Атанас Анчевски и Милош Ранчиќ, сите од Македонија.

Во женска конкуренција на полумаратонот победнички се трите сестри од Естонија – Лејла, Лина и Лили Луик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.