Доминиканка загинала од струен удар земајќи го смартфонот

Младата Доминиканка Јоелми Ернандез загинала од струен удар откако го дофатила својот паметен телефон додека се полнел, пишува британскиот таблоид The Sun.

Според весникот, Ернандез починала веднаш откако го земала мобилниот телефон во рацете. Мајката на настраданата, пред која се случила трагедија, повикала брза помош, но лекарите не успеале да ја реанимираат девојката.

Според роднините на жртвата, во моментот кога таа го земала телефонот се случил силен електрично празнење, од што пластичната заштита на уредот се стопила а Ернандез претрпела електричен удар. Полицијата отворила истрага за инцидентот.

Јоелми Ернандез неодамна наполнила 18 години, таа планирала да запише студии и да стане сметководител.

Во јули сличен смртоносен инцидент се случи кога тинејџерка од американската сојузна држава Тексас загина во када откако го дофатила мобилниот телефон кој бил ставен да се полни.

Четиринаесетгодишната Медисон Кои, почината во домот на нејзиниот татко во Ново Мексико од давење во кадата за капење по претрпен струен удар. Нејзината баба за медиумите изјави тогаш дека девојката на раката со којашто го дофатила телефонот имала изгореница.