Македонија

Домот на лордовите сака прием на Македонаја во НАТО и без решено име

Домот на лордовите сака прием на Македонаја во НАТО и без решено име

Документ изработен во Комисијата за надворешни работи на британскиот Претставнички дом, или Домот на лордовите, покажува на каков притисок е подложена Атина по „македонското прашање”, при што се открива дека Велика Британија, којашто е една од највлијателните земји членки на НАТО, сака прием на Република Македонија во без разлика дали спорот со името со Грција ќе биде решен, пишуваат грчките медиуми.

Во документот под наслов „Обединетото Кралство и иднината на Западен Балкан”, издаден на 10-ти јануари, е наведено дека „Владата треба да преземе чекори за да ѝ помогне на Македонија да стане членка на НАТО, со или без решение за прашањето за името”.

Документот, исто така, ја поздравува поддршката на британската Влада за Босна и Херцеговина и Македонија и подвлече дека прифаќањето на овие две земји во НАТО ќе ја поддржи стабилноста и мирот во регионот на Западен Балкан.

Велика Британија, инаку, е организаторот на годинешниот самит на Западен Балкан, а грчкиот весник TO BHMA (То Вима) пишува дека Лондон ќе се обиде да го наметне своето влијание на регионот и ќе инсистира на членство на Македонија во НАТО и без решавање на спорот за името.

Според извештај подготвен од Домот на лордови, британската влада ќе настојува за прием на Република Македонија во НАТО, и без решавање на прашањето за името.

„Владата треба да ги поддржи мерките за да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, со или без решавање на проблемот за името“, се наведува во цитираниот извештај, кој бил изработен од Комисијата за меѓународни односи, назначена од Домот на лордовите за да ги истражува британските меѓународни односи.

„Членството во НАТО и соработката го гарантираат мирот и стабилноста на регионот. Се согласуваме со поддршката на владата за членство во НАТО на Македонија и Босна и Херцеговина. Доколку тие ги исполнуваат основните барања за членството, нивната интеграција во НАТО ќе биде чекор кон поголема стабилност во регионот“, се додава уште во документот.

Во извештајот се цитира и британската премиерка Тереза Меј којашто на 17-ти јанари изјави дека Западниот Балкан е регионот каде што британската влада „играла и ќе продолжи да игра“ активна улога во промоција на просперитетот, стабилноста и безбедноста.

„Поддршката за влез во НАТО во Македонија е голема (и членството во НАТО е поважен приоритет од членството во ЕУ). Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека 70 отсто од популацијата се за членство. Тој истакна дека доколку Македонија стане членка на НАТО тоа ќе докаже дека земјата ќе остане во границите кои што ги има“, се наведува во текстот на извештајот.

Се додава и дека блокадата од страна на Грција е пречка кон целосно членство на земјата во НАТО и нивното противење за името.

Иако пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг минатата седмица во Скопје, истакна дека без договор меѓу Атина и Скопје, Македонија не може да се приклучи на Алијансата, Велика Британија, една од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, сепак, повикува на прием на земјата во воениот сојуз, без да се земе предвид позицијата на Грција во врска со ова прашање, пишува електронскот издание на весникот Protothema.