Домот во кој Трамп ги минал првите години од животот се изнајмува за 725 долари од ноќ

Приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп, како и оние кои сакаат да дознаат како најраното детство го формирало 45-от челник на САД, ќе може да ја изнајмат куќата во која престојувал за 725 американски долари од ноќ.

Во оваа голема куќа во њујоршкиот кварт Квинс, Доналд Трамп ги минал првите четири години од животот. Куќата може да се резервира со само неколку „кликови“ на мрежната страница AirBnb.

Куќата со пет соби може да прими 20 луѓе. Доколку посетителите сакаат да го следат претседателот на Twitter или да ги гледаат емисиите кои и тој ги гледа, обезбедени се интернет и телевизија. Во просторијата за дневен престој е поставена неговата картонска фигура во природна големина.

„Ова е совршено место за одмор во Њујорк“, пишува на мрежната страница за изнајмувње, Привите посетители се очекуваат следниот викенд.

Куќата во 1940 година ја изградил таткото на Трамп во елитниот кварт Џамејка Естејт. Идниот милијардер и претседател на САД минал во неа само неколку години, а во 1951 година се преселил во куќа недалеку од оваа, којашто исто така ја изградил Трамп постариот.