Спорт

Домовчиски пред трансфер во Вардар ?!

Домовчиски пред трансфер во Вардар ?!

Според бугарскиот спортски портал sportal.bg , напаѓачот на Левски, Валери Домовчиски е пред трансфер во Вардар.

Домовчиски е квалитетен напаѓач кој има настапувано и во Бундеслигата за берлинска Херта. Во своето резиме има запишано дека е последниот кој го совладал легендарниот Оливер Кан на официјален натпревар.

Инаку неговиот раскошен талент бил забележан на подготовките во Анталија, а тренерот Сергеј Андреев веднаш дал зелено светло за негов трансфер.

Левски ќе има голем бенефит од продажбата на еден од своите најдобри фудбалери, со оглед на финансиската криза која го тресе овој познат бугарски клуб. И нашиот Кристијан Наумовски си замина од Левски токму поради неисплатени финансии.

Дваесет и осум годишниот Валери Домовчиски е дете на Левски, кој покрај Херта, во својата кариера има настапувано и во Дуизбург, Ботев Пловдив, Черно Море, а последен во низата е токму неговиот матичен Левски.