Донирајте за настраданите од поплавите во Тетово

Петта жртва на невремето во тетовско - пронајдено тело на маж
Петта жртва на невремето во тетовско - пронајдено тело на маж

Четири лица загинаа, а две се водат за исчезнати во поплавите предизвикани од силното невреме кое вчера го зафати Тетово.

Покрај човечките загуби поплавите предизвикаа и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Дистрибуирана помош за најтешко настраданите семејства

tetovoЦрвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна 100 пакети, средства за хигиена 200 пакети, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1260 литри флаширана вода за пиење. Во текот на денот дополнително ќе бидат дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.

Што им е најпотребно на настраданите во Тетово

Според првичната проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна и ќебиња.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвен крст во Момин Поток од 8 до 16 часот (контакт телефон 3 096 227) до 15 август.

Каде можете да донирате

pena-tetovo2_2015832391Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

-Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка

-Донирање на 100 денари со повик на телефоните 075/070/078 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.

За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош, јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана, велат од Црвениот крст на РМ.

Премиерот Никола Груевски и владини претставници доцна синоќа итно излегоа на терен во тетовско, а денеска беше одржана вонредна владина седница со цел изнаоѓање најбрзо и најдобро решение за справување со последиците кои ги предизвикаа вчерашните поплави.

Покрај во Тетово обилните врнежи поплавија објекти и предизвикаа материјална штета и во Прилеп.

Утрешниот и задутрешниот ден во Општина Тетово се прогласени за денови на жалост.

 

 

Тетово вчера беше зафатено од поројни дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта.