ДОНАЦИИ ЗА МИХАИЛ: Да спасиме еден детски живот!

На четитригодишниот Михаил Јолески од Кичево дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција и десен бубрег огормен, со дилантација (проширен) со стеноза на мочен утерис.

За неговото лекување потребни се 10.000 евра, сума која неговото семејство не може да ја обезбеди.

Неговата операција е закажана за 29 мај, но родителите мора претходно да ја обезбедат сумата која е потребна.за операцијата да биде реализирана.

Едно дете чека на нас. Да може да има и тоа детство какво што секое дете може да има.

Насмевката на Михаил е бесценета. Да му дадеме можност на ова сонце да се смее постојано.

Семејството замолува, кој може и сака да помогне, да помогне со донација:

210-5016883338.40 на НЛБ ТУТУНСКА БАНКА