Донации за учениците од „Д-р Златан Сремац“ од УЖ на ВМРО ДПМНЕ

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод претстојните новогодишни празници ги посети учениците во образовната установа Д-Р Златан Сремац каде што им подели пригодни подароци.

„Секоја личност е посебна. Секое дете се одгледува и расте со љубов, но кога станува збор за децата со посебни потреби таа љубов треба да биде многу поголема. Секој од нас има обврска да биде хуман, да помогне. Но, само со здружени сили на сите ќе придонесеме и ќе направиме нешто за овие дечиња. Незаменливо е чувството кога кај децата ќе предизвикате топлина и во нивните очи ќе погледнете радост и исполнетост. Тука сме да им посакаме Среќна Нова година и весели Божиќни празници, да ги гушнеме и да им ја влееме надежта во новата година, која секој од нас ја заслужува”, вели Даниела Рангелова, претседател на УЖ на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.