Македонија

Донациите во милиони евра за Милчин се смешен износ

Донациите во милиони евра за Милчин се смешен износ

За шефот на фондацијата СОРОС во Република Македонија и поранешен член на раководните органи на СДСМ, Владимир Милчин, износот кој им го даваат на медиумите, невладини организации и правењето на извештаи е смешен.

Во 2013 година фондацијата за поддршка на медиумите од било кој вид, печатени, интернет и.т.н вложила 393.479 евра вкупно, тогаш беа повеќе од седум медиуми, а годинава тоа досега се вкупно 133.359 евра и не верувам дека ќе има некоја битна разлика, цифрата е смешна, вели Милчин за Нова ТВ.

Според завршната сметка на УЈП, кои медиумите ја објавија, СОРОС остварил приход од 5.200.000 евра. Во денарска противвредност, неверојатни 319.784.116 денари, лани легнале на сметките на Владимир Милчин. Токму тој е потпишан и на завршната сметка.

Според документацијата, од целата оваа сума, вкупни трошоци за донации има пријавено 2.245.173 евра или 138.078.157 денари.

Ова значи дека повеќегодишниот буџет кој СОРОС го издвојува за финансирање на медиуми е далеку повисок, па најверојатно и тој е смешен износ за Милчин.

Како што претходно беше објавено весникот „Слободен печат“ во својата прва година од постоењето, добил грант од 60.000 евра. Плусинфо исто така добил пари од невладината на Милчин во вкупен износ од 47.706 евра.

Порталот А1он кој е во сопственост на поранешен новинар на А1 телевизија, близок до СДСМ, исто така има добиено пари од СОРОС во износ од 49.706 евра. Над 36.000 евра за само 6 месеци земал неделникот Фокус.

Пари од Фондацијата не се штеделе ниту за порталот на Ацо Кабранов, Либертас, на чија сметка легнале 26.686 евра. Во овој портал близок до СДСМ работи ќерката на Љубомир Фрчкоски.

Неодамна беше објавена и информација дека СОРОС во минативе 7 години има потрошено 34 милиони евра за да ја напаѓа владата во јавни настапи.