Македонија

Донација на чешката Амбасада за Клиниката за детски болести

Донација на чешката Амбасада за Клиниката за детски болести

На Универзитетската клиника за детски болести денеска беше предадена во употреба донација од Амбасадата на Република Чешка, реализирана преку невладината организација ЛинкАкрос. Вредноста на донацијата која е наменета за Ургентниот центар е 111.475 денари.

Се работи за продолжување на проектот за изградба на Ургентниот центар.

Донацијата се состои од: еден  пулсоксиметар, два вакум централни аспиратори, три инхалатори, еден јонизатор/озонатор прочистувач и две ампули за нивелизација.

Клиниката за Детски болести е неизмерно благодарна за поддршката и помошта која ЛинкАкрос и Чешката амбасада ја даваат во реновирањето на Клиниката и создавање на подобри услови за лекување на најмаладите пациенти.