Македонија

Донација на медицински апарати на Клиниката за детски болести

Донација на медицински апарати на Клиниката за детски болести

ЈЗУ Универзитетската Клиника за Детски Болести Скопје денеска потпиша договор за донација со вработените на Царинска управа застапувани од Самостојниот синдикат на Царинската управа, со кој Клиниката ќе добие медицински апарати во вредоност од 175.815 денари.

Се работи за апарати – три инфузиомати, кои се потребни за работата на клиниката. Опремата е наменета на Одделот за онкологија и хематологија.

Благодарни сме на вработените во Царинската управа за несебичната помош. Оваа опрема ќе помогне да се обнови апаратурата на Клиниката се со цел децата ја да добијат најдобрата медицинска нега- рекоа денеска од клиниката.