Донација од Американската амбасада за македонската Гранична полиција и Царина

Американската амбасада денеска донираше нова опрема за македонската Гранична полиција и Царината. Вредноста на донираната опрема изнесува 142.000 долари, а таа опфаќа двогледи, уреди за преглед, пејџери за радијација и други средства, пренесоа медиумите.
Трансфер на опрема од ваков вид не е прв и редовно се користи при откривање на нелегален транспорт преку граница.
Амбасадорот на САД во Македонија на денешната прес конференција ги презентирал податоците од кои е виливо дека САД ја спроведуваат програмата за донирање во Граничната полиција и Царината веќе десет години. Досегашната помош изнесува вкупно 7 милиони американски долари.
Освен донацијата во опрема, спроведени се и повеќе од 100 обуки за повеќе од 1200 службеници во неколку министерства.