Донација од милион денари од АВМУ за поплавените

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе донира 1.000.000 денари за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион, одлучи на денешната седница Советот на АВМУ.

Парите за донација АВМУ ги обебзедува од сопствени средства остварени во текот на годинава. Ќе бидат донирани преку Црвен крст на Република Македонија преку наменска сметка – фонд за солидарност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.