недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Донација од ОМД за битолско Здружение за деца со церебрална парализа

Годинава, како што соопшти ОМД, на петте трки организирани во Детроит, Вашингтон, Гарфилд, Колумбус и Лос Анџелес се вклучиле над 500 учесници, 60 спонзори и донатори. Со помош на организаторите на трките, волонтерите, учесниците, спонзорите и донаторите се собрани 11.500 американски долари.

132645407

Последни вести

Здружението за деца со церебрална парализа „Емануил Плус” од Битола  доби донација од 11.500 долари, преку проектот „Ајвар5к“ што Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го организира на годишно ниво.

Годинава, како што соопшти ОМД, на петте трки организирани во Детроит, Вашингтон, Гарфилд, Колумбус и Лос Анџелес се вклучиле над 500 учесници, 60 спонзори и донатори. Со помош на организаторите на трките, волонтерите, учесниците, спонзорите и донаторите се собрани 11.500 американски долари.

– Нашата работа не завршува тука. Се преговара физикална терапија и набавка на ортопедски чевли, изјавила при врачувањето на донацијата претставничката на ОМД за Њу Џерси и координатор на проектот „Ајвар5к“, Ана Дукоска.

Дел од донацијата се пакети со јорган, перница и постелнина, фротирски и памучни пижами, тренерки, сет од три маици долен веш, пешкир, чорапи, средства за хигиена, ваучер за прехранбени производи и ваучер за пелени. Доделени се и новогодишни пакетчиња.

Како што информира ОМД, собраните средства со трката која се оддржала во Детроит во партнерство со УМАД, МАСА и Генерација М, се  донирани на Домот за доенчиња во Битола.

Најчитани вести