Донација од Унгарија по повод 20 години од дипломатските односи

Владата на Унгарија по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи со Република Македонија денеска ќе додели донација во компјутерска опрема.

Примопредавањето на донацијата е во организација на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Унгарија во Скопје. По тој повод, Амбасадорот на Унгарија, Јожев Бенце и државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања, Ана Блажеска, ќе откријат табла со која се одбележува јубилејот и донацијата.

фото: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.