Донација велосипеди за Град Скопје

Авто мото сојузот на Македонија-АМСМ денеска за Град Скопје ќе донира 35 велосипеди коишто ќе бидат поставени на велосипедските станици во градот.

Донацијата ќе ја прими градоначалникот  на Град Скопје, Коце Трајановски, а се доделува во рамки на актуелната кампања за подобрување на велосипедската инфраструктура и подигнување на јавната свест за велосипедот како превозно средство во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.