Донација за ѓаконијата во „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

– Донацијата е посебна за сите нас знаејќи дека оваа ѓаконија ја посетуваат повеќе од 200 социјално загрозени лица. Еден топол оброк дневно за некого е повеќе од потребен. Затоа решивме да помогнеме и се разбира дека ова нема да биде нашата единствена акција за помагање на оваа народна кујна, изјави директорот на училиштето „Страшо Пинџур“ Методи Наковски.

Градоначалникот Сокол Митровски истакна дека 200-те граѓани кои добиваат топол оброк во „Свети Петар и Павле“ се од сите делови на  Скопје и најави дека општина ќе продолжи да и помагаме на ѓаконијата секогаш кога за тоа ќе има потреба.

Дел од донацијата беше доделена и во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во село Кучково.