Доналд Трамп им се заканува на републиканските конгресмени

Според американските медиуми, заканата била изречена на состанок на Трамп со републиканските конгресмени одржан зад затворена врата.

Станува збор за притисокот на претседателот Трамп во Конгресот да се усвојат измените на „Обамакеар“, што ги предложи новата администрација во форма на посебен Закон за здравствена заштита.

Првично, законот на Трамп требаше да биде усвоен вчера, за кога тоа го најави и самиот претседател, но усвојувањето беше одложено откако беа побарани нови корекции.

Одлагањето на гласање, медиумите во САД го оценуваат како „удар врз престижот“ на претседателот, особено што неговата Администрација, еднаш веќе го преработуваше текстот на предложениот закон, што е и причина за лутината на Белата куќа и заканите на Трамп.

Во текот на својата изборна кампања, Трамп остро го критикуваше „Обамакеар“ и најавуваше дека целосно ќе го отфрли ако стане претседател.

Но, откако влезе во Белата куќа, тој го смени своето мислење и се определи за измена на определени делови на законот, затоа што многумина републикански полутичари го предупредуваа дека може да се случи со укинувањето на „Обамакер“ без здравствена заштита да останат петанесетина милиони Американци.

Републикански конгресмени се уште имаат дилеми околу новата верзија на законот и сугерираат доработка,

За да се усвои новиот закон за здравствена заштита, потребно е за него да гласаат најмалку 215 членови на Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинтво. Но, ако најмалку 22 републикански сенатори и свртат грб на својата партија и гласаат против законот, заедно со демократите, тој нема да биде усвоиен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.