Доналд Трамп прогласен за личност на годината во изборот на „Тајм“

трамп

Во најтесниот избор за оваа „титула“, покрај Трамп беа и неговата демократска противкандидатка на претседателските избори и поранешен американски државен секретар Хилари Клинтон, рускиот претседател Владимир Путин и пејачката Бијонсе.

Трамп ја поздрави ваквата одлука на „Тајм“, нагласувајќи дека тоа за него претставува „голема, многу голема чест“.

– Ова ми претставува голема чест, посебно затоа што пораснав читајќи „Тајм“, изјави Трамп.

Доналд Трамп

„Тајм“ на својата насловна страна објави фотогарфија на Трамп, пропратена со текст „претседател на поделените американски држави“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.