сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 33

Донаторска акција на Македонците од Австралија за поплавените подрачја

donacija-7-640x480

Поврзани вести

Амбасадата на Република Македонија во Австралија и Генералниот конзулат во Мелбурн ја информираат македонската јавност дека во добротворната акција за прибирање хуманитарна помош за семејствата од поплавените региони во Македонија, се собрани финансиски средства во висина од 137.000 австралиски долари . Оваа сума не е конечна и истата ќе се зголеми имајќи в предвид дека до крајот на септември се закажани уште три донаторски настани. Сепак во интерес на навремена употреба на досега донираните средства истите ќе бидат префрлени кон Македонија до крајот на неделата.

-Горди сме на македонската заедница во Австралија, која повторно покажа со дела како се сака татковината. Подигнувањето на довербата во институциите е успехот кој треба да биде нотиран и кој го трасира патот за идни соработки меѓу матичната Земја и дијаспората. Најзначајно е да се истакне дека иницијативата на ДКП-ата на РМ во Австралија без исклучок беше поддржана од сите македонски здруженија, хуманитарни организации, македонски медиуми, бизнис секторот и од поединци ширум Австралија, кои несебично пристапија кон организирана и индивидуална форма на донирање финансиски средства на посебната сметка отворена од страна на амбасадата за таа намена. Истовремено им се заблагодаруваме на Советите и градоначалниците на градовите Рокдејл, Ливерпул и Квинбијан кои повторно како и во 2014-та донесоа одлука за директна донација и со тоа одговорија позитивно на нашиот повик. Посебно сакаме да се заблагодариме на македонската компанија МКД Транскорп од Сиднеј и сите спонзори на донаторскиот настан кој се реализираше во Сиднеј под покровителство на Амбасадата, а кој заедницата го оцени како најуспешен од овој тип, во последните дваесетина години, се вели во соопштението.

За крај сакаме да напоменеме, стои во истото, дека вкупната собрана сума значително ја надминува онаа од пред две години, што е клучен показател за подготвеноста на Македонците од Австралија да помогнат на Македонија во моментите кога тоа е најпотребно.

donacija-6

donacija-5

donacija-4

donacija-3

donacija-2

donacija-1

Најчитани вести