Донаторска конференција за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“

 Донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“ ќе се одржи денеска во хотелот „Александар Палас“.

Конференцијата ја организира Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“.

Изградбата на црквата е веќе почната во центарот на Скопје. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на ул.„Македонија“ во центарот на Скопје.

Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај сегашен ГТЦ.  Во 1963 земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била руинирана во 1970.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.