Донаторска конференција за поплавите во Србија и БиХ

Денеска во Брисел ќе се одржи донаторска конференција за настраданите од неодамнешните поплави во Србија и во Босна и Херцеговина. Делегацијата на Србија ќе ја предводи претседателот Томислав Николиќ. Организатори се Франција и Словенија.
Јадранка Јоксимовиќ, министерка задолжена за европски прашања, очекува да се соберат значајни средства кои ќе помогнат за обнова на разрушените области.

 „Очекуваме сите донатори да помогнат да ја надминеме кризата, која за нас е тешка во економска смисла“, посочил Јоксимовиќ.

Таа додаде дека досега во пренамена на средствата од ИПА-фондовите успеа да собере околу 30 милиони евра, а дополнителни 10 се очекуваат во тековната 2014 година.

Сумата што е потребна за санација на штетите е околу 50 милиони евра.