Донаторска средба за доизградба на првиот летен камп за веронаука

Здружението за негување на православни вредности денеска организира донаторска средба за собирање средства за доизградба на летниот камп за веронаука во Бигорскиот скит „Свети Кирил и Методиј“.

Првиот летен камп за веронаука во земјата се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над селото Битуше, а се гради по иницијатива на игуменот на Бигорската обител, Архимандрит Партениј.

На донаторската средба свое излагање ќе има сестринството од манастирот Св. Георгиј Победоносец – Рајчица, а ќе бидат презентирани и првите резултати од досегашната работа со најмладите.

Донаторската манифестација ќе се одржи во хотел Континентал со почеток во 16 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.