Дончев: Нема штрајк во ибразоването во Виница

Во четирите основни и средното општинско  чилиште во Виница во вторник ќе започне второто полугодие. Се е подготвено за прием на учениците на настава, истакнаа директорите на виничките учлилишта на синоќешната средба со градоначалникот на општина Виница Емил Дончев.

Тие потврдија дека не го прифаќаат најавениот штрајк на СОНК и истакнуваат дека нема да го подржат. 

– Од состанокот што го одржав со директорите на четирите винички основни училишта и на средното училиште, преовладува мислењето дека во вторник наставата редовно ќе започне без проблеми, а најавениот штрајк на СОНК нема да биде подржан. Штрајк во образованието во Виничко ќе нема, учениците ќе дојдат на настава, а децата ќе бидат прифатени во градинките, изјави градоначалникот на Виница, Емил Дончев.

 Заеднички заклучок од средбата со директорите е дека сите предуслови за почеток на наставата во второто полугодие се исполнети. Училиштата во Виничко се снабдени со нафта за греење, а нема проблеми од комуналната област.