Дончев: Општина Виница заокружува една успешна година

Општина Виница заокружува една успешна година, во која се реализирани најголемиот дел од ветените проекти, но и проекти кои не беа ветени, но се покажа дека се многу значајни за граѓаните на општина Виница и притоа водејќи се по принципите на чесност, транспарентност и отчетност, вели градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев.

Во продолжение интегрално ви ги пренесуваме проектите на кои е работено и во иднина ќе се работи во општина Виница.

–  Извршена е реконструкција на околу 4000 метри водоводна мрежа, односно заменета е старата азбестна со нова ПЦЦ линија

–  Изградена е водоводна и канализациона мрежа во новата индустриска зона

–  Набавени се две нови возила за смет со што е подобрена услугата кон граѓаните за собирање на отпадот

–  Асфалтирано е 1000м на локалниот пат Виница- с.Градец и улица од 400м во с. Истибања

–  Изградени се два моста, во с.Лаки и на излезот на Виница спрема с.Градец

–  Пуштени се во употреба две бушотини за техничка вода

–          Завршена е втората фаза од забавниот парк ВИНИЛЕНД

–          Поставени се семафори на најфреквентната раскрсница во градот

–          Изградено е повеќенаменско игралиште во с.Истибања

–          Изградена е и пуштена во употреба рурална градинка во с.Трсино

–          Комплетно е заменета столаријата во детската градинка и набавена е нова печка на пелети со што правиме заштеди на енергенси до 50%

–          Реконструирана е машинската зграда во СОУ “Ванчо Прке”, со што ја подобривме практичната настава кај средношколците

–          Отворивме нижо музичко училиште

 

Во тек се

–          Завршните работи на новата градска Капела

–          Изградба на крак канализација во с. Истибања

–          Изградба на крак канализација во с. Градец и на неколку локации во новиот дел на градот

 

Поголеми проекти кои набрзо ќе отпочнат со реализација оваа година се:

 

–          Изградба на атмосферска канализација

–          Реконструкција на водоводната мрежа во с.Блатец

–          Изградба на Филтер станица во с.Трсино

–          Изградба на канализациона мрежа во с.Лески

–          Асфалтирање на ллокалниот пат Виница-с.Јакимово

–          Асфалтирање на локален пат с.Липец-р.Осојница

–          Асфалтирање на главната артерија во новата индустриска зона

–          Уредување на влезот на градот

–          Поставување на водомери со далечинско читање

–          Уредување на Плоштадот Анѓел Винички со урбана опрема

–          Доградба на уште 2 занимални во детската градинка

–          Отворање на детска градинка во с Истибања

 

И уште многу мали зафати, но значајни за граѓаните на општина Виница

Овие и сите други проекти кои ги ветивме во програмата за локалните избори се наша обвска пред граѓаните. Ние ветивме и напорно работиме тоа да го оствариме. Само со континуирана работа може да ја постигнеме нашата цел Виница да ја претвориме во просперитетна општина.