Донецк: Воените сили на Киев да се повлечат за 24 часа, во спротивно војна

Ситуацијата во Украина се менува на штета за властите во Киев, пишува „Вечер“. Ангела Меркел мораше да ја запре својата предизборна кампања во Берлин откако група демонстранти истапија и протестираа барајќи од Германија да ја запре подршката до неонацистите во Киев, и да бара нивно апсење. Обединетите нации побараа одговорност од киевските власти затоа што во акциите во Доњецк и Луганск користат хеликоптери со ознаки на обединетите нации. САД, денес, официјлано објавија демант дека американски платеници учествуваат во акциите на владините сили и нивната Национална гарда против побунетите милиции во доњецката област, иако се објавени повеќе фоографии и видео записи на платениците од американската компанија Блеквотер-Академи со нивно присуство таму.

Самоодбранбените сили на Донецк им поставија ултиматум на воените сили на Киев да се повлечат од регионот во рок од 24 часа, во спротивно ќе ги блокираат нивните позиции во Донецката област, а украинските сили ќе бидат протерани со сила.

„Доколку оклопните возила не се повлечат, а блокадите на т.н. легитимни власти на патиштата не се отстранат, ќе имам доволно овластувања и средства – командантот денеска ме поддржа да уништам и запалам сè. Извидувачките и саботажните групи се подготвени за акција, а некои се мошне силни“, изјави заменик-командантот на Народната милиција на Донбас, Сергеј Здрилијук.

Оваа изјава следува по референдумите во регионите Донецк и Луганск, кои покажаа дека мнозинството гласачи ја продолжуваат самоуправноста во услови на засилена воена операција од страна на Киев.

Според конечните резултати објавени од страна на локалните изборни комисии, во Луганск, 96,2 процента од гласачите ја поддржаа самоуправата на регионот.