Македонија

Донесени дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници

Донесени дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 84-та седница вечерва ги донесе дополнетите предлози на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници, двата во второ читање.

Владеачкото мнозинство со поддршка за законите кои вели ќе придонесат за суштинска реформа на јавната администрација и за нејзина професионализација и ефикасност.

Опозицијата, пак, оцени дека законите се носат нетранспарентно, во предвечерие на можните предвремени парламентарни избори, дека ќе го ограничат пристапот на граѓаните до работните места во јавната администрација поради бројните сетификати кои ќе им се бараат на јавните огласи и дека не нудат стратегија за јавната администрација.

Горан Сугаревски од СДСМ забележа на дефинирањето на одредени поими и класификацијата на работните места во јавниот сектор, договорите и решенијата за вработување. Оцени дека со двата закона се врши притисок врз администрацијата, дека прифатените амандмани од мнозинството нема да ги подобрат состојбите и побара одговор на прашањето колку брои јавната администрација во државата со оглед вели дека досега се кажани различни бројки од различни извори.

Засменик министерот за информатичко општетство Марта Арсовска Томовска рече дека за двaта закона имаше опсежна комисиска и амандманска расправа и оти со нив ќе се овозможи огромен исчекор во однос на постојната состојба, ќе се изврши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени во јавниот сектор преку модерни методи кои се користат во современите јавни администрации и модерен начин на управување со човечките ресурси кое е одлика на големите корпорации прилагодени на нашите услови и законска регулатива.

„Се надевам дека ќе ја препознаете потребата за реформи за развој на јавната администрација, која постојано треба да се развива оти само поквалитетна и попрофесинлана јавна администрација ќе успееме да ја придвижиме уште повеќе македонската економија да стане поконкурентна и да овозможиме поефикасни и поквалитетни јавни услуги за граѓаните“, рече Арсовка Томовска.

Таа додаде дека во подготовката на законите во текот на две години, беше вклучена меѓу другото и ЕК, а беа консултирани добрите практики во ЕУ земјите, но и во Канада, Австралија и Нов Зеланд каде се забележани добри резултати.

Сo овој закон, рече, се опфатени сите лица коишто се вработени во јавниот скетор, а кои вршат работа од адмнистративна природа, чија класификација ќе биде унифицирана без оглед од која институција доаѓаат.

„Со законот се овозможува да се унифицираат и да се подигнат критериумите за вработување, да се запази начелото на соодветна и правична застапеност при планирањето на вработувањата, а постапката на селекција да го земе предвид работното искуство, неформалното и формалното образование преку постигнатиот успех и квалитетот на образовната институција, преку соодветно тестирање да се изврши проверка на стручниот и интелектуалниот капацитет на кандидатот, познавање на странски јазик, компјутерски програми за канцелариски работење и други слични компетенции при што се одбира најдобриот кандидат за работното место. Со ваквото решение се има за цел да се надмине досегашната практика, а и законска можност утврдена со Законот за државни службеници во која што раководното лице на институцијата преку дискреционо право одбира еден од највисоко рангираните кандидати на ранг листата, а доколку не му се допаднат понудените кандидати имаше можност и да ја поништи постапката. Друга придобивка на ова законско решение се подигнати критериуми за унапредување преку избор на кандидати коишто покажале најдобар учинок во текот на минатата година, биле најотворени за учење или за пренос на знаење, искуство на другите колеги и тн“, рече Арсовска Томовска.

За унапредување на работното место по овој закон, додаде таа, се предлага проценка на способноста на кандидатите за раководењње и тоа за оние раководни места со коишто покрај мерењето на стручните познавања се мери и способноста на раководните лица за управување со проекти и управување со финансии. Со ова законско решение, рече, се псоветува големо внимание на стручното усовршување на административните службеници кое што во иднина не само што ќе биде право, туку ќе биде обврска и за службениците, но и за институцијата во која што истите се вработени при што ќе се гарантира нивната стручност, компетентност и капацитет да ги извршуваат дадените задачи на потребното ниво.

„Значајна новина, која што се предлага со овој закон е воведување на инструментот 360 степени со кој што ќе се гарантира континуирано следење на учинокот на вработените преку спроведување на полугодишно интервју, а пред годишно оценување во кое што покрај претпоставениот учествуваат уште шест други оценувачи и тоа двајца на исто, двајца на пониско и двајца оценувачи со коишто службеникот соработувал, а можно е да бидат избрани. Со тоа би се оневозможило пристрасноста во оценувањето било какви сугестивни,личн, семејни, финансиски и политички интереси во постапката на оценување“, рече заменик-министерката.

Со овој закон и со законот за вработени во јавниот сектор, подвлече Арсовска Томовска, првпат во РМ се регулираат советници и кабинетски службеници со коишто се овозможува на функционерите во своите кабинети да ангажираат надворешни експерти, но и административни службеници коишто ќе бидат постојано достапни и коишто ќе извршуваат работа со поголема сложеност. – На крајот се регулира дисциплинската и материјалната одговорност пришто се дава можност во овие постапки да бидат вклучени и претставници на синдикатот, образлоши заменик-министерката.

Ана Павловска Данева од СДСМ пак, побара да не се поддржува овој закон, бидејќи вели никаде не се обелоденува бројот на јавната администрација, како и дека за него не се изјасниле припадниците на администрацијата, гранковиот синдикат УПОЗ кој ги претставува и научната јавност.

„Законот има 116 члена, а има поднесено 105 амандмани од кои голем дел од владеачкото мнозинство што говори дека набрзина бил донесен, и дека дел од амандманите биле поднесени заради негово усогласување со Уставот“, рече Павловска Данева.

Таа ја оспори и можноста само пет отсто од администрацијата да бидат наградени како најдобри, оние со најниска оценка во групата да бидат казнети од плата, а со незадоволителна оценка да бидат избркани од работа. Таа, меѓу другото, ја оспори и одредбата со која за сите административци и на оние со средно образование, им се наметнува обврска за полагање на ТОЕФЕЛ за познавање англиски јазик, а кое треба сами да го платат. Ваквата обврска, вели, чини повеќе од 800 денари со колку што се калкулира во Министерството за информатичко општество. Павловска Данева праша и како ќе се оценуваат оние административци кои седат дома, а примаат плата.

Заменик министерката Арсовска Томовска реплицираше дека сите овие прашања биле разгледани на амандманската расправа, 70 отсто од амандманите биле поднесени од страна на опозицијата, а тое вели не треба да послужи за да се девалвира ова законско решение кое е направено како резултат на најдобрите практики во светот.

„Токму ова решение беше поддржано на јавната расправа на која вие бевте поканети, но не присуствувавте, а беше поздравено како конечно носење на една суштинска реформа, како едно револуционерно решение од профсорот по јавна администрација Борче Давитковски и од страна на повеќе синдикати – синдикатот на војската, јавните претпријатија, здравството, образованието, полицијата и синдикатот на администрацијата и државната управа здружени во Сојузот на синдикатите и Конфедерацијата на слободни синдикати“, рече Арсовска Томовска.

На прашање од Сугаревски, таа рече дека вработувањето на припадниците на немнозинските заедници се вршат преку сегрегирани огласи и преку сегрегирани канали за вработување преку Секретаријатот за Рамковниот договор, кои континуирано се распоредуваат по институции.

„Важно е што со оглед на новото законско решение преку воведување на методологија на планирање, во која што ќе се тргнува од основен постулат да се распоредат овие вработени, институциите кои имаат потреба за вработување луѓе огласите да ги објавуваат и за припадниците на мнозинската и немнозинските заедници овој проблем конечно ќе се надмине. Во однос на курсевите за англиски јазик, ние нудиме обука на административните службеници кои не поседуваат ваков сертификат, а администрацијата е должна сама да си ги обезбеди потребните сертификати“, рече Арсовска Томовска.

Беким Ќоку од ДПА рече дека нема да го подджат законот на кој поднеле 40 амандмани, бидејќи не е во интерес на Албанците и не овозможува комуникација со странките на албански јазик

Собранието денеска ја донесе и Одлуката за упатување јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ), поднесена од пратеникот Илија Димовски, како и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал.

Без расправа помина и Предлог законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на Законот за бесплатна правна помош, на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, на Законот за вршење на сметководствени работи, на дополнувањата на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, сите во второ читање. Донесени беа и измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по измените и дополнувањата на Законот за туристичката дејност, на Законот за мирно решавање на работните спорови, дополнувањата на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на РМ и на измените на Законот за поштенските услуги, исто така сите во второ читање.

На оваа седница во второ читање поминаа и измените и дополнувањата на Законот за градење, дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските помагала, Дополнетите предлози на законот за користење на податоците од јавниот сектор, за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, на Законот за идентификација и регистрација на животните.

На дневниот ред на седницата, која продолжува утре, се Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во АРМ, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка. Се очекува пратениците, меѓу другото, да дискутираат и по Предлог-законот за електронските комуникации, во прво читање.