Донесени измени на повеќе закони по скратена постапка денеска во Собранието

Пратениците, денеска во рамки на продолжението на 85-тата седница, донесоа повеќе измени на Закони по скратена постапка, меѓу кои се измените и дополнувањата на законите за акцизите, за субвенционирање на станбен кредит, за хартии од вредност.

На денешното петто продолжение на седницата беа изгласани и измените на Законите за финансиската инспекција во јавниот сектор, за државната ревизија, за супервизија на осигурување, за Фондот за осигурување на депозити, за финансиската полиција, за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за девизната инспекција, за стоковните резерви.

Во Собранието денеска беше донесен Законот за Управата за јавни приходи, исто така, по скратена постапка.