Донесени измените на Законот за јавни патишта

Собранието на Република Македонија во денешниот дел од работата по дневниот ред на 85-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Измените и доплнувањата на Законот за јавни патишта беа донесени едногласно со 47 гласа „за“, а измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, исто така, едногласно, но со 58 гласа „за“.

Панче Орцев од СДСМ рече дека Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта тешко ќе се имплементира и ќе направи збрка наместо да ги расчистува ситуациите.

„Нема ништо да реши и единствено брцнува во џебовите на граѓаните кои плаќаат во сметката за регистрација нивното возило да биде отстрането доколу остане во дефект. Сега за тоа ќе треба да плаќаат два пати доколку остане во дефект на пат кој е од локално или општинско значење,“  рече Орцев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.