Македонија

Донесени измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Донесени измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Собранието на Република Македонија на денешната седница по скратена постапка, ги донесе измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

Како што образложи ресорниот заменик министер Ванчо Костадиновски, измените се носат по скратена постапка заради доусогласување на базите на податоци меѓу институциите, УЈП и Платежната агенција. Целта е непречено реализирање на програмите за директни плаќања, пренесува МИА.

– Целта на измените на Законот е интересот на земјоделците навреме да ги добијат субвенциите, нагласи Костадиновски.