Донесени измените за студентските ваучери и за новите мерки за вработување

Собранието на Република Македонија денеска ги донесе измените на Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, објави МИА.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Крсто Мукоски, еден од предлагачите на измените на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери појасни дека целта на измените е олеснување на целата постапка за добивање на ваучерите за студентите, на прибавувањето на потребната документација, како и скратување на трошоците кои ќе ги имаат студентите во тој процес на аплицирање.

Инаку, во основниот текст на законот е пропишана обврска за апликантите да доставуваат потврди од факултетите, како и потврди од Управата за јавни приходи за што треба да бидат изложени на дополнителни трошоци. Со цел да се ослободат студентите од ваквите дополнителни трошоци, како и од одење по шалтери, со измените на законот кои се предлагаат, потребните докази во врска со исполнување на условите за стекнување на вредносен бон-ваучер ќе бидат обезбедени по службена должност.

Со дополнувањата пак на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како што појасни министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, треба да се овозможи побрзо стапување на сила на мерките кои се предвидени со проектот „Македонија вработува“.

Според Спасов, овој пакет на мерки за вработување претставува своевидно надградување на постоечката мерка за вработување на млади лица која што е во функција повеќе од една година, мерка за вработување којашто, подвлече, на приватните компании им даде значително олеснување од плаќање на придонеси за цели 12 месеци. Оваа мерка, потсети тој, овозможи вработување на над 7.700 млади луѓе во нашата држава, а практично меѓу другото им се помогна и на голем број приватни компании односно над 4.200 приватни компании досега ја искористија оваа мерка, од коишто над 3.500 се микро компании со до десет вработувања коишто добија соодветно олеснување од државата и соодветна стимулација за надградба и подобрување на нивниот бизнис.

– Сите компании кишто ќе вработат лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање придонеси и пресонален данок три години и плус една година ќе имаат обврска да ги задржат на работа. Втората група на невработени лица којашто ја опфаќаме со Предлог законот со дополнувањата на законот се лицата од 35 до 50 години коишто се десет години без работа во последните 15 години и компаниите коишто ќе ги вработат овие лица ќе добијат пет години ослободување од плаќање на социјални придонеси  со обврска една година да ги задржат на работа. Или пак вкупно околу 61 илјада невработени лица помеѓу 35 и 50 години коишто се десет години без работа. Во третата група на лица спаѓаат невработените лица коишто се повозрасни оние коишто имааат  над 50 години. Во оваа група има околу 50 илајди граѓани коишто ги исполнуваат критериумите, коишто се над 50 години и коишто се невработени, појасни на собраниската седница министерот Спасов.

Четврата група на лица, истакна, се лицата од ранливите категории. Во овие предлог мерки, нагласи Спасов, им се  дава значителна можност на ранливие категории на граѓани, примателите на социјална парична помош, родителите на три или повеќе деца, самохраните родители, родителите на деца со пречки во развојот, исто така на професоналните војници  коишто во моментов се без работа или пак во оваа група спаѓаат околу 43 илјади невработени лица.

– Петата група се однесува на оние највозрасните коишто многу потешко стигнуваат до работа, коишто најчесто се без работа како резултат на транзицијата која што беше спроведена 90-тите години и како резултат на големиот број на пропаднати фабрики, вкупно вакви лица коишто ќе бидат опфатени со сите пакет  мерки на вработувања односно вкупнто опфат на лица коишто ги исполнуваат условите и критериумите се околу 150 илјади граѓани коишто би можеле да се вработат со овие мерки, со проектот Макдонија вработува, со којшто планираме да се постигнат околу 20 илјади вработувања за период од една година колку што планираме и да трае реализацијата на овие мерки, со цел да обезбедиме сеопфатна примена, да не оневозможиме злоупотреба на самите мерки и повластени стапки за компаниите коишто ќе ги користат овие мерки предвидуваме и заштита на сите вработени лица коишто биле вработени во приватните компании пред стапувањена сила на овие мерки односно приватните компании  коишто ќе сакаат да ги користат овие поволности ќе бидат должни да не го намалат бројот на вработени за коишто не користат ослободување од плаќање на придонеси или пресонален данок во период во коишто ќе ги користат овие олеснувања меѓутоа исто така и да не го намалат вкупниот број на вработувања заклучно со 15.03 оваа година, а доколку пак го зголемиле борјот на вработувања од 15.03  до моментот на искористување на ослободувањето од плаќањето на придонеси да не го намалат зголемениот број на вработување. Исто така да бидат должни редовно да ги плаќаат придонесите и платите на сите  вработените  во својата компанија. Исто така и даноците да не доцнат повеќе од двамесеци со ипслата на плати, придонеси и даноци, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.