Донев спиел во „Хилтон“, и се луксузирал со службена картичка

Ексдиректорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев, во Буенос Аирес, Аргентина, спиел во познатиот синџир луксузни хотели – „Хилтон“, летал со бизнис-класа и на патувањето за назад од Јапонија и не искористил купени авионски билети, покажуваат извештаите на Агенцијата и од неговата службена картичка, објави „Макфакс“ .

Во Лондон променил хотел од полоша категорија за подобар, а исто така имал и шопинг за приватни цели во најмалку две продавници – една во Аргентина и една во Токио. Донев во разговор за „Макфакс“ ги потврдил извештаите, но посочил дека сите средства што ги искористил за приватни цели, бидејќи имал проблеми со својата картичка, по патувањето, ги вратил на службената сметка.

Донев од септември 2017 до јануари годинава имал 11 закажани патувања за кои за авиобилети и патни трошоци биле потрошени околу 12.772 евра.

Повеќе за темата прочитајте на Макфакс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.