Донирајте и бесплатно влезете на кошаркарскиот натпревар Македонија-Израел

Донирајте и бесплатно влезете на кошаркарскиот натпревар Македонија- Израел
Донирајте и бесплатно влезете на кошаркарскиот натпревар Македонија- Израел

Македонската Кошаркарска Федерација ја поддржува хуманитарната кампања „Шанса за живот“, преку која се собираат средства за опремување на Одделението за интензивна нега при Клиниката за детски болести од Скопје.

Хуманитарната кампања „Шанса за живот“, преку која се собираат средства за опремување на Одделението за интензивна нега при Клиниката за детски болести од Скопје.
Хуманитарната кампања „Шанса за живот“, преку која се собираат средства за опремување на Одделението за интензивна нега при Клиниката за детски болести од Скопје.

Од МКФ ги повикуваат сите поддржувачи и навивачи да донираат најмалку 100 денари за целите на оваа кампања и за возврат да добијат алка со слоганот и логото на „Шанса за живот“. Секој што ќе донира и ќе ја покаже алката на влезот на салата, ќе има можност бесплатно да го проследи пријателскиот кошаркарски натпревар Македонија–Израел што ќе се одигра на 11-ти август во Спортски центар Јане Сандански.

Алката, што всушност претставува и влезница за кошаркарски натпревар Македонија–Израел ќе може да се набави со донирање на минимални 100 денари на штандовите поставени пред Спортскиот центар Јане Сандански, неколку часа пред натпреварот, или пак, сè до вторник, на бензиските пумпи низ државата на компанијата ОКТА, која е иницијатор на кампањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.